Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во топ-3 европски земји со најмалку вонбрачни бебиња

Македонија во топ-3 европски земји со најмалку вонбрачни бебиња

Од сите земји во Европа, Македонија е во првите три, веднаш по Турција и Грција, со најмал процент на бебиња родени во вонбрачни заедници, објави deca.mk.

Анализите за состојбата во Македонија покажуваат дека во 2016 биле родени вкупно 23.199 деца, од кои 23.002 биле живородени.

– Од вкупната бројка,2.761 дете, или 12 отсто се вонбрачни – велат од Државниот завод за статистика.

Значи, високи 88 отсто од бебињата се родени во брачна заедница. Мајката била на просечна возраст од 28,9 години (а 27,2 години при првите раѓања). Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна преклани е 1987 година.

Од Македонија повисок процент на родени бебиња во брачна заедница имаат само Турција и Грција. Кај нашиот сосед дури 90,6 бебиња биле родени во брак.

Од членките на ЕУ, Франција предводи на листата со децата родени надвор од брачна заедница, со шест од десет бебиња, или 59,7 отсто.

Интересен е фактот што по Франција, највисок процент имаат две балкански земји – Бугарија и Словенија. И во двете процентот на деца родени вонбрачно изнесува 58,6 отсто. Висок процент се појавил и во Естонија (51,6 %), Шведска (54,9 %), Данска (54 %), Португалија (52,8 %) и Холандија (50,4 %).

Вон ЕУ, Исланд, пак, убедливо ја предводи листата со бебиња родени надвор од брак, малку под 70 отсто.

Слично

Поврзани вести