Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чекаме на кинески туристи ама имаме само еден водич што знае кинески јазик

Чекаме на кинески туристи ама имаме само еден водич што знае кинески јазик

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот(АППТ), Љупчо Јаневски истакна дека земјава во првиот квартал во оваа 2019 година ја посетиле 232.530 туристи.

Тој e оптимист дека и годинава бројот на туристи во земјава ќе се зголеми, иако според нивните информации и анализи процентот за разлика од минатите години би бил помал и би се движел од 3 до 5 отсто.

Во првите три месеци од годинава е забележан раст за 30 отсто на туристите од Полска, потоа следуваат туристите од Грција со раст од 29 проценти, Хрватска, Бугарија и Романија.

Јаневски истакна дека АППТ ќе се фокусира на Гастрономијата како понуда за туристите и дека дополонително ќе ја претстават Македонија како туристичка дестинација на саемот во Лондон.

Тој најави освојување нови пазари и надминување на предизвиците. Иако постои желба за промоција на кинескиот пазар има само еден водич кој знае кинески.

„Северна Македонија – Вашата дестинација!“ е новото мото со кое земјава ќе се промовира на странските пазари.

Најбарани  дестинации од страна на туристите во земјава и годинава се Скопје и Охрид.

Но, Крушево минатата година бележи раст од 50% на туристи, поради како што истакна првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот атрактивниот Мечкин камен за параглајдеристите. Оваа дестинација за овие луѓе кои го сакаат овој авантуристички спорт е идеална за параглајдеристите како од земјава, така и од Европа, но и од светот.


Слично

Поврзани вести