Македонија во новогодишната порака на Павлопулос
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска во својата новогодишна порака ги повика Грците да покажат единство за да постигнат три "национални цели".
Овие цели се "обезбедување на напредокот на земјата, одбраната на европскиот проект и зајакнување на нашите национални интереси и права", рече Павлопулос во својата новогодишна порака.
Грците се докажаа дека се "посветени Европејци" со жртвите направени во текот на кризните години, рече тој.
"Историјата ни покажа дека силите на хеленизмот, силите на нашиот народ и нашата нација, се неограничени", рече тој.
- Ги поддржувам европските и НАТО аспирациите на поранешната југословенска Република, се додека останува на патот на ратификување на договорот од Преспа - порача Павлопулос.
