Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во неславно друштво: Колку граѓани живеат во модерно ропство

Македонија во неславно друштво: Колку граѓани живеат во модерно ропство

Безмалку 9 отсто од граѓаните во Македонија живеат во модерно ропство, покажуваат податоците од најновиот глобален индекс на ропство, кој го објави Рефлектор. Македонија е на трето место од 50 земји. Полошо стојат само Туркменистан каде во модерно ропство се 11,2 отсто од населението и Белорусија со 10,9 отсто од граѓаните кои се во оваа категорија. Во Македонија процентот е точно 8,7 отсто.


Подобро стојат сите останати држави кои се опфатени во пресметката. Модерното ропство е дефинирано како состојба на експлоатација која личноста не може да ја напушти или одбие, заради закани, насилство, принуда, измама и злоупотреба на моќ. Дефиницијата опфаќа принудна работа, должничко ропство, присилни бракови, пракси кои наликуваат на ропство и криумчарење на луѓе.

На четвртата позиција е Грција каде во модерно ропство се 6,9 отсто од луѓето. Најдобо стои Луксембург каде модерни робови се 1,5 отсто од луѓето.


Слично

Поврзани вести