Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА ВО МИНУС: Каков викенд не очекува?

МАКЕДОНИЈА ВО МИНУС: Каков викенд не очекува?

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито. Во крајните јужни делови од земјава ќе има зголемена облачност со слаби врнежи од дожд и снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната од 2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени.

Утре времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Според прогнозата на УХМР, од утре ќе следува период на постабилно време со умерен до засилен североисточен ветер. Во вторник ќе има зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.


Слично

Поврзани вести