Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината

Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината

Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. 

Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели, информираат од Министерството за здравство. 

„Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата“, се наведува во соопштението. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-210, Куманово-28,  Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Демир Хисар-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8. 

15 луѓе починаа, а најмладиот има 35 години. 

Слично

Поврзани вести