Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во 2019-та најдобра во регионот според застапеност на жени пратенички

Македонија во 2019-та најдобра во регионот според застапеност на жени пратенички

Македонија е родово-најрамноправна во регионот кога станува збор за процентуална застапеност на жени-пратенички во парламентот.

Според бројот на жени на пратеничките клупи, како што покажуваат резултатите од истражувањето на Интерпарламентарната унија (ИПУ), Македонија е на 20-то место со 38,3 насто жени во Собранието со 120 народни избраници. Истражувањето покажа дека просекот во светот е 24,3 проценти.

Истражувањето е врз основа на информациите што властите на 193 земји ги дале на меѓународната парламентарна организација со седиште во Женева на 1-ви јануари. 

На првото место на оваа листа е Руанда, во која мнозинството жени во долниот дом се жени (61,3%). Врвот потоа го предводат Скандинавците - Данска, Шведска, Норвешка, Финска и Исланд, кои често се пофалени за нивните политики за родова рамноправност.

Во регионот, зад Македонија најблиску е Србија, каде во Националното собрание 37,7 отсто од местата се исполнети со жени.

Албанија е на 53 место (29,3%), додека Словенија (24,4%).е на 74.позиција. Босна и Херцеговина е 92-та со 21,4% од жените и Хрватска на 98-то стои најслабо со 20,5%.

САД го дели 78.место со Црна Гора според бројот на жени во Претставнилкиот дом.

Од друга страна, на дното на листата се Микронезија, Папуа Нова Гвинеја и Вануату, бидејќи во нивните парламенти нема пратенички . 



Слично

Поврзани вести