Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија влезе во Топ-1о земји со најмал ризик за перење пари

Македонија влезе во Топ-1о земји со најмал ризик за перење пари

Македонија се најде во Топ-10 земји со најмал ризик за перење пари според рангирањето на Bazel AML Index, во кое Финска е на првото место за оваа година.

Естонија е на второ место (од 129) веднаш по Финска со индекс 2,73 (колку е помала бројката, толку подобро). 

Литванија е трета, која со Нов Зеланд, Македонија, Бугарија, Словенија, Шведска, Хрватска и Израел ги сочинуваат првите десет. 

По скандалот со „Данске банка“ индексот на ризикот во Данска се зголеми на 4,11, и сега е на 16-то место и тоа е најголемо поместување надолу на листата. Во составот на 10-те најмалку ризични земји, Литванија, Македонија, Бугарија и Хрватска, ги заменија Латвија, Исланд, Данска и Полска… 

„Basel AML Index… е независно годишно рангирање според проценетиот ризик од перење пари и финансирање на тероризам (ML / TF) низ целиот свет”. 

Индексот во 2018 година е седмиот издаден под покровителство на Меѓународниот центар за наплата на средства, дел од Базелскиот институт.

Слично

Поврзани вести