Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија виа Трст - Нови европски проекти и позитивни пораки

Македонија виа Трст - Нови европски проекти и позитивни пораки

На претстојниот Самит на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи во среда во Трст за Македонија се очекуваат многу позитивни оценки, како и одобрување на нови проекти кои ќе ја помогнат евроинтеграцијата. На Самитот ќе учествуваат и БиХ, Црна Гора, Албанија, Србија и Косово, сите со свои очекувања за напредок на односите со Брисел.

„Во пресрет на самитот евроамбасадорот Семуел Жбогар со позитивни пораки за јакнење на финансиската кондиција на регионот за која се обезбедени 1,3 милијарди евра за Западен Балкан, средства кои треба да се искористат до крајот на 2020 година за проекти во областа на инфаструктурата, енергетиката, животната средина, и на иновациите“ изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. 

Европската унија ќе ја претставуваат високата претставничка Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц, а земјите од Западен Балкан ќе ги претставуваат премиерите и владини делегации, при што македонската се очекува да биде предводена од премиерот Зоран Заев, а во чиј состав се очекува да бидат и министрите Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Никола Димитров, Горан Сугарески и Крешник Бектеши.

Слично

Поврзани вести