Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија утре ќе ја добие првата донација на вакцини од ЕУ

Македонија утре ќе ја добие првата донација на вакцини од ЕУ

Македонија утре преку Австрија ќе ја добие првата донација на вакцини од ЕУ од 4.680 дози на Фајзер, колку што ќе добијат и Албанија и Косово во рамки на програмата за Западен Балкан. БИХ исто така утре ќе го добие својот дел од 10.530 дози, додека во Србија и Црна Гора ќе пристигнат 1.170, односно 2.340 уште денеска.

Координатор на процесот на доставување вакцини од ЕУ за Балканот го презема Австрија, додека австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг утре, заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во БиХ свечено ќе му ги предаде вакцините Фајзер на босанскиот премиер Зоран Тегелтија. 

Инаку, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина треба да го добијат најголемиот дел до ветените вакцини до август. Од вкупно 651.000 дози, една третина, односно 214.000 дози, треба да ѝ бидат дадени на БиХ, 145.000 на Албанија, 119.000 на Северна Македонија, 95.000 на Косово, 42.000 на Црна Гора и 36.000 на Србија.


Слично

Поврзани вести