МАКЕДОНИЈА УРИВА РЕКОРДИ: Лани земјава ја посетиле 1.2 милиони туристи
Лани сме имале рекордни 1,2 милиони туристи, или за 5,1 отсто повеќе од 2018-та година.
Во 2019 година имало 1.184.963 туристи. Кај домашните туристи има раст од 1,9 отсто, додека порастот кај странските туристи е за 7,1 отсто во споредба со 2018 година. Како што се наведува во извештајот на Државниот завод за статистика, лани се остварени повеќе од 3,2 милиони ноќевања во сместувачките капацитети во земјава.
Најмногу гости дошле од соседните Србија, Бугарија, Грција, Турција, Косово и Албанија.
Слично
