Македонија три години без центар за изгореници
Три години Центарот за изгореници во Државната општа болница Св. Наум Охридски не работи поради реконструкцијата која започна во 2016 година и сè уште не е завршена.
Овој центар е единствената локација каде може да се третираат тешки изгореници. Во клиниката за пластична хирургија два објекти ќе бидат опремени со опрема за третман на пациентот.
Досега пациентите кои имале тешки изгореници бea третирани на КАРИЛ. Центарот за изгореници беше отворен во 2000 година опремен со операциона сала и специјален кревет како донација од јапонската влада.
Слично
