Македонија трета со најголем број полицајци по глава на жител во Европа
Македонија во 2017-та имала 522 полициајци на секои 100.000 свои жители, објави Евростат. Тоа ја прави трета најголема „полициска држава“ во Европа, а повеќе има само Србија и малиот Кипар со 620, односно 573 полициски службеници на секои стотина илјади граѓани.
Зад Србија, Кипар и Македонија се Малта со 505, Грција (492), Хрватска (490), Латвија (450). Од регионот Турција има 380, Бугарија е со 335, а кај Романија се 260.
Најпријатно изненадување е Унгарија, каде што иако таму владее конзервативниот Виктор Орбан, има само 90 полицајци на секои 100.000 државјани. Унгарија е земја со најмалку униформирани лица задолжени за јавниот ред и мир, пред скандинавските земји Финска (14) , Данска (18) и Шведска (200).
Во Македонија во 2017-та имало вкупно 10.000 полицајци.
