Македонија тестовите за коронавирусот ќе ги испраќа во Ниш
Македонија во лабораторија во Ниш ќе ќе ги испраќа тестирањата за тоа дали некој македонски државјанин или странец кој престојувал во земјата евентуално е заболен од смртоносниот коронавирус.
Анализите за проверка ќе се вршат во Србија се додека следната недела не пристигнат дијагностичките тестови што ги нарачале здравствените власти, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Епидемиолозите деновиве го очекува враќањето на група од македонски граѓани кои работат во Кина. По нивното пристигнување ќе биде проценето дали ќе има потреба да бидат третирани.
Филипче вели дека сме целосно подготвени да се справиме со можни заболени од корона вирусот, иако лекарите засега како недостаток го наведуваат немањето реагенси за откривање на заболувањето.
Засега на клиниките нема протоколи за тоа како ќе се постапува во случај на откриен заболен од коронавирусот, а за контрола на патниците снимање со термо камери се врши само на скопскиот аеродром.
