Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија сместена во ТОП 10 земји каде најевтино се живее

Македонија сместена во ТОП 10 земји каде најевтино се живее

Американскиот познат магазин „Тајм“ ја стави Македонија во групата земји каде е најевтино да се живее.

Во првите 10 места Македонија го зазеде 10 то место и според овој магазин е најевтина земја за живот во однос на земјите од регионот.

Соседна Србија го зеде 18-то, Црна Гора на 26-то а од регионот во листата најдоа место и Босна и Херцеговина која се најде на 11-то место,  Словенија на 36-то, Хрватска на 47 место.

Во листата ТОП 10 најевтини земји се најдоа: Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.

За составување на оваа листа земјите се рангирани според  индексот на локалната куповна моќ, висината на закупот на недвижностите, цената на намирниците и индексот на малопродажните цени а резултатите се споредувани со стандардот на животот и цените во Њујорк.

Соред објаснувањето за Македонија пишува дека локалната куповна моќ е за 49% пониска, киријата е 94% поевтина, продуктите се за 73,3% поевтини, а локалните добра и услуги исто така се поевтини за 68,6%.

Слично

Поврзани вести