Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија следната година ќе чека високи гости како ко-домаќин на Самитот за Западен Балкан

Македонија следната година ќе чека високи гости како ко-домаќин на Самитот за Западен Балкан

Македонија следната година ќе биде ко-домаќин заедно со Бугарија на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој пред шест години го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, и ќе дочекува државници од највлијателните земји во Европа и регионот, како и највисоки политички претставници на Европската унија.

„Долг и многу продуктивен ден во Познан, 6то издание на Берлинскиот процес. Ја добивме честа, по Германија, Австрија, Франција, Италија, Велика Британија и Полска, заедно со соседна Бугарија, да бидеме ко-домаќини на 7от Самит за Западниот Балкан во овој формат“, објави Никола Димитров, министерот за надворешни работи.

Денеска во Познаљ, Полска, се одржува годинешниот Самит за Западен Балкан, односна за таканаречениот „Берлински Процес“, а присутен треба да биде македонскиот премиер Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести