Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија сепак е далеку од италијанското сценарио

Македонија сепак е далеку од италијанското сценарио

Во однос на коронавирусот, Македонија сепак е далеку од италијанското сценарио. 

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ оцени дека земјава е далеку од италијанско сценарио каде на почетокот на епидемијата немаше место во болниците со оглед на тоа што инфективните одделенија низ државава веќе се полни.

Тој објасни дека има разлика помеѓу исполнет болнички капацитет за луѓе на коишто им е потребна респираторна машина и тие на коишто не им е потребна респираторна машина.

За лекарите и медицинскиот персонал, вели дека функционира системот на ротација.

Во земјава вчера имаше рекордни 386 заразени. 

Италијанските здравствени власти вчера објавија дека бројот на официјално регистрирани нови инфекции со новиот коронавирус се зголемил за 5.372 за 24 часа, што е најголем број  од 29 март, кога имаше пик на епидемијата. 

Слично

Поврзани вести