Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија сега има помалку од 18.000 активни случаи на коронавирусот

Македонија сега има помалку од 18.000 активни случаи на коронавирусот

Епидемијата полека стивнува во земјава. Во Македонија сега има помалку од 18.000 активни случаи на коронавирусот. 

Kaко што објави Министерството за здравство, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи е 17.943.

Скопје има  7.968 активни, Куманово 1.204, Битола 1.205 активни случаи на коронавирусот. Дојран и Македонска Каменица имаат најмалку, по 14 случаи. 

Кратово има 17, Пехчево 21, а Македонски Брод 28 активни случаи на ковид. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести