Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија се задолжи кај Дојче банка со 250 милиони евра!

Македонија се задолжи кај Дојче банка со 250 милиони евра!
Уште едно задолжување одобри денеска собранискиот состав. 250 милони евра македонија ќе се задолжи кај Дојче банка. Заемот ќе и биде доделен на Република Македонија под следните услови:
  • заем во износ од 250 милиони ЕВРА
  • гаранција од Светска банка во износ од 155 милиони ЕВРА
  • рок на отплата: 7 години- отплатата ќе се врши на две рати, при што првата рата во износ од 95 милиони ЕВРА ќе биде отплатена на денот на достасување кој паѓа 5 години од денот на повлекување на средствата на заемот, додека втората рата во износ од 155 милиони ЕВРА ќе биде отплатена на денот на достасување кој паѓа 7 години од денот на повлекување на средствата;
  • каматна стапка: фиксна каматна стапка која ќе се утврди два дена пред денот на повлекување на средствата од заемот, а ќе се пресмета како збир од аритметичката средина од 5 годишниот и 7 годишниот своп (за евро валута) плус маргина во износ од 2,75%. Каматниот трошок ќе се отплаќа полугодишно.
  • дополнителни трошоци: еднократна провизија која ќе треба да ѝ се исплати на Дојче Банка во износ од 1,50% од вредноста на заемот. Исто така,  на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска Банка ќе и се исплати еднократна провизија од 0,25% од износот на дадената гаранција и провизија од 0,5% годишно од износот на гаранцијата, пресметана по дисконтирана вредност за времетраење на гаранцијата.
Рокот за повлекување на средствата е 30 дена од денот на потпишување на Договорот за заем.
Слично

Поврзани вести