Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија се вклучи во одбележување на светскиот ден на водата

Македонија се вклучи во одбележување на светскиот ден на водата

Со покревање на свеста за значењето и рационално трошење на водата кај најмладите, преку креативни работилници, подароци, песнички и раскази, денеска почна со одбележување на Светскиот ден на водата, 22-ри март.

Активностите се во организација на ЈП Водовод и канализација - Скопје во соработка со Град Скопје и општините на територијата на градот Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, по отворањето на настанот во ОУ „11 октомври“,  рече дека целта е преку симболичен начин со најмладите да се сподели едукативно искуство за значењето на водата.

- Мој императив е на граѓаните на Скопје во секое време да овозможиме здрава и квалитетна вода за пиење. Градот донесе одлука питката вода од изворот Рашче да не се користи за индустриски цели како досега. Должни сме граѓаните и 50 години од сега да имаат здрава вода за пиење. Тоа е наша должност за децата и идните генерации, изјави Шилегов.

Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје Душко Весковски, рече дека целта е преку едукативни игри да се покрене значењето на водата и воедно да се објасни дека Градот Скопје има перфектно чиста вода за пиење.

Весковски информира дека ЈП Водовод и канализација од 1 април па во следните два месеци почнува со акција со која граѓаните ќе може да ги подмират своите долгови без камата. 

Слично

Поврзани вести