Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА СЕ СТРЕСЕ: Регистриран земјотрес од три степени според Европската макросеизмичка скала

МАКЕДОНИЈА СЕ СТРЕСЕ: Регистриран земјотрес од три степени според Европската макросеизмичка скала

Телеметриската сеизмолошка мрежа на  Македонија, на станиците инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на (4.9.2023 година) во 09 часот и 31 минути регистрираше земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.3, чиј епицентар се наоѓа 140 km источно од Скопје во соседна Р. Бугарија.

Според досегашните податоци со коишто располага опсерваторијата земјотресот е почувствуван од населението во Делчево, Тработивиште и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Фото:Пискабеј

Слично

Поврзани вести