Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ ВО СТУДЕНО УТРО: Еве го предупредувањето од УХМР

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ ВО СТУДЕНО УТРО: Еве го предупредувањето од УХМР

Студено утро ширум земјава, а така ќе биде и следните неколку денови. 

Утрата ќе бидат многу студени, насекаде со минимални температури под нулата, особено денес и утре кога на места ќе се спуштаат под -10 степени.

Утрово било најстудено на Попова шапка каде што се измерени - 16 степени. 

Во Маврово минусот бил 12 а 11 во Крушево.

Охрид и Битола се разбудиле со температури од - 6 додека Скопје и Гевгелија со -2 степени.

Денес ќе биде студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утре утрото ќе биде многу студено, а преку денот претежно сончево со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.


Слично

Поврзани вести