Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкедонија се приближува кон 300 активни случаи на коронавирусот

Maкедонија се приближува кон 300 активни случаи на коронавирусот

Maкедонија според најновата состојба се приближува кон 300 активни случаи на коронавирусот. Сега има 292 активни на ниво на држава. 

Зад Скопје, висока бројка на заразени има во Тетово. Скопје има 104, а Тетово 93 активни случаи. Зад нив е Куманово со 29 активни случаи, а во Гостивар има 21 активен.  Во сите други градови бројот на активни е помал.  Во дваесетина градови воопшто нема заразени со вирусот. 

Во последните 24 часа во земјава се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19. 


Ново е тоа што граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација дома. Оваа мерка стартува од понеделник и се однесува за оние кои не можат да одат во вакциналните пунктови. 

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести