МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ДОМАЌИН НА ПАРЛАМЕНТАРНА АКТИВНОСТ НА НАТО: Ќе се обратат Мицкоски и Мисајловски
Македонија е домаќин на состанокот на Постојниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО.
На утрешниот состанок учество ќе земат шефот на македонската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки и заменик-шефот на делегацијата Антонијо Милошоски. На настанот ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски
Северна Македонија викендов ќе биде домаќин на состанокот на Постојниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации.
„Денеска се одбележуваат 76 години од основањето на НАТО – камен-темелник на европската и северноамериканската безбедност. Овој викенд во Скопје, Постојаниот комитет на ПС НАТО ќе прослави пет години Северна Македонија во НАТО“, пишува во објавата на официјалниот Фејсбук-профил на Парламентарното собрание на НАТО.
Во меѓувреме, од Собранието на Македонија информираа дека на утрешниот состанок учество ќе земат шефот на македонската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки и заменик-шефот Антонијо Милошоски. Ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Фото: Фејсбук/NATO Parliamentary Assembly
