Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија прими рекордна донација на вакцини „Фајзер“

Македонија прими рекордна донација на вакцини „Фајзер“


Министерството за здравство прими донација од 250 илјади дози вакцини против Ковид-19 од производителот „Фајзер“ од италијанската Влада.

Донацијата се реализира преку механизмот Ковакс и УНИЦЕФ. Во среда се очекува да пристигне уште една пратка, а првата е примена вчера.

– Министерството за здравство во континуитет се грижи за да имаме доволен број на вакцини. Вакцините се сигурни, безбедни и на сигурно место во Институтот за трансфузиологија, рече Сали по примопредавањето пред Институтот за трансфузиологија.

Ова е најголема донација која една држава ја има подарено на Македонија.


Слично

Поврзани вести