Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија прими 1.269 автоматски пушки од САД, вредат 1,2 милиони долари

Македонија прими 1.269 автоматски пушки од САД, вредат 1,2 милиони долари

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска прими 1.269 автоматски пушки М-4 како донација од САД, а американската амбасадорка  Кејт Мари Брнз рече дека истите вредат 1,2 милиони долари.

- Целта на оваа донација е интероперабилноста. Двете армии да можат полесно меѓусебно да се помогнат, што е обврска кога се оди на заеднички вежби и операции, рече Шекеринска.

Таа дополни дека е достигнат НАТО-критериумот 20 отсто од буџетот  на армијата за одбраната да се одвојува за модернизација.

Амбасадорката Брнз рече дека автоматските пушки се наменети за лесната пешадија и дека донацијата е уште еден доказ за американско-македонската долготрајна одбранбена соработка 

- Вашата земја не треба да е само подготвена и активна како најнова сојузничка во НАТО, туку да биде добропозиционирана и да соработува со нашите сили, наведе Брнз.

Слично

Поврзани вести