Македонија пренаменува воени и полициски возила за гаснење на пожари
Во фабрика во Кавадарци воени возила се пренаменуваат во противпожарни во пресрет на сезоната во која претстои интензивна борба со пожарите.
Со фотографски приказ ова го обелодени групата „Македонија - Macedonia“ на социјалните мрежи.
Оклопните возила на својот кров ќе носат резервоар од 6000 литри вода . Војничките БТР кои се подготвуваат за пренамена во противпожарни возила за шумски пожари се веќе забележани во близина на Кавадарци.
Веќе има и подготвени кои се офарбани во протокалова боја и се спремни наскоро да бидат промовирани.
И два поранешни хермалини на полицијата се бојадисуваат и пренаменуват во противпожарни возила, исто така во сервис во близина на Кавадарци.
- За разлика од БТР на кои се монтира танк за вода, за овие возила се подготвува влечна цистерна приколка, информира ФБ групата.
Слично
