Македонија преговара со ЕУ, а не со Бугарија, но дали е можно вето?
Софија најавува нова блокада, а Владата бара начин за релаксирање на односите со соседна Бугарија.
„Македонија преговара со Европската унија, а не со Бугарија“, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук и известувач за Македонија изјави дека ветото би била голема грешка. Ќучук за Бугарското национално радио, го осуди инцидентот со Христијан Пендиков и проценува дека високорастечката тензија мегу Скопје и Софија на билатерален план ќе донесе непродуктивна година.
„Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. сосема спротивно. почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото“, изјави Ќучук за БНР.
По инцидентот во Охрид, каде три лица истепаа момче кое било секретар на бугарскиот клуб, Бугарија најави дека е можно ново вето.Бугарија претходно го кочеше стартот на преговори на Македонија со ЕУ.
