Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПОСЛЕДНАТА ПРЕПРЕКА: Уставните измени за Заев се патриотски избор

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПОСЛЕДНАТА ПРЕПРЕКА: Уставните измени за Заев се патриотски избор

Во Парламентот денес продолжува седницата за уставни измени, обврска која потекнува од Преспанскиот договор со Грција .

На самиот старт на седницата премиерот имаше говор а зборувајќи за клучните уставни амандмани кои се дел од Преспанскиот договор , Заев им рече на пратениците, дека потпишувајќи го тој договор, земјава конечно го завршува повеќедеценискиот спор со кој се признава македонскиот идентитет и јазик.

-Ова е историски и патриотски избор. Можеме да бидеме генерација која добела храбра одлука-рече премиерот.

Седницата е одложена за денес, а се очекува расправата да трае до петок. 

Пратениците ќе расправаат за 10 амандмани на нацрт уставните измени, од кои шест ги предлага Алијансата за Албанците, три опозициската БЕСА,  а еден независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата и да присуствува на пленарната седница.

Слично

Поврзани вести