Maкедонија повторно е топ тема во регионот
Нашата земја повторно е топ тема во регионот.
Веста дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со опозициските партии и Движењето БЕСА формираше ново парламентарно мнозинство се прошири и во регионот.
Српски Новости ја пренесе веста дека формирано е ново парламентарно мнозинство.
„Политичката криза во Македонија почна по лошите резултати на владејачката коалиција меѓу СДСМ на Зоран Заев и Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, после што Заев најави оставка на местото премиер и шеф на партијата“, пишува Новости.
Босански Кликс пишува дека Владата падна и дека ВМРО-ДПМНЕ има ново парламентарно мнозинство.
Вјести пишува дека по состанокот опозицијата има 61 од можни 120 пратеници.Српски Курир пишува дека се случил нов тектонски потрес за Заев.
Македонија беше топ тема во регионот, кога на 31 октомври, претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев поднесе оставка.
