Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА И ОД ЦРНА ГОРА: Ракометарите го загубија мечот со четири гола разлика

МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА И ОД ЦРНА ГОРА: Ракометарите го загубија мечот со четири гола разлика

Македонската репрезентација во ракомет вечерва загуби од Црна Гора со четири гола разлика, односно 28:24 во корист на црногорските ракометари. По ваков резултат, и по претходниот пораз од Словенија, Македонија не се пласира во следната фаза од Европското првенство.

Со победата над нашата репрезентација, Црна Гора ја забележа првата победа во меѓусебните пресметки на Европските првенства.

До крајот на првото полувреме црногорските играчи ја имаа контролата, а првото изедначување на резултатот се случи само на стартот на воторото полувреме.  

Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра со Данска на 17 јануари, а оваа репрезентација главен фаворит за ракометарското злато. 


Слично

Поврзани вести