МАКЕДОНИЈА „ПОД ВРШНИК“: променливо облачно, но многу топло време, еве ги деталите
Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Според УХМР температурите ќе се движат од минимални 7 степени во Берово до 15 наутро, додека максималните ќе достигнат и до 33 степени во Гевгелија и Демир Капија.
Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност.
- Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец - објаснуваат од УХМР.
Водено според нивната прогноза маскималните температури ќе продолжат да се зголемуваат и ќе надминуваат 35 степени.
Еве ги деталите:
