„Македонија пат“ засега успева да ги држи проодни патните правци
Завеаните патишта од снежните наноси низ Македонија се расчистени, објваи утринава „Македонија пат“ откако синоќа сообраќајниот пат на поголемиот дел од земјате беше парализиран.
Најинтензивно се работеше на патот Битола - ресен, каде што падна снег од 15 сантиметри, а имаше и инциденти, како излизган камион, кој потоа требаше да биде извлечен.
Од „Македонија пат“ најавија дека ќе работат цела вечер до рано изутрина.
Укинати се сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци. Врнежите од снег се престанати на секаде.
Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ утринава соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашаст снег.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
