МАКЕДОНИЈА ОКОВАНА ВО СНЕГ: забрана за тешки товарни возила се воведува на повеќе локации
Поради интензивни снежни врнежи попладнево од 17:25 часот забрана за тешки товарни возила има на патниот правец А1 Демир Капија-Миравци.
Од 16:45 часот забрана за овој вид возила беше воведена и на патниот правец Р1302 Струмица-Берово, а од 16 часот и на Плетвар, соопштија од АМСМ и ЈП Македонија пат.
Од јавното претпријатие „Македонија пат“ апелираат до возачите да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.
Од Центарот за управување со кризи исто така дополнија дека забрана за тешки товарни возила се воведува и на патот Струмца - Берово, додека за останатите возила е неопходна зимска опрема.
Претходно е воведена забрана за тешки возила и на патот Струга кон граничен премин Ќафасан, која и понатаму е во сила.
Исто така патот до село Битуше во Тетово е замрзнат, и надлежнит епредупредуваат на сериозна опасност.
- Регионалниот ЦУК Тетово известува дека во 17.35 часот, по добиеното известување од Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, патот од село Велебрдо до село Битуше до влезот на селото патот е замрзнат и преставува опасност на возилата што го употребуваат тој правец. Претставник од Општина Маврово-Ростуше известил дека екипи од Општина Маврово-Ростуше два пати имаат интервенирано по тој правец, дека патот бил прооден, но дека ја следат состојбата и повторно ќе излезат на терен за чистење на патот при што фрлаат и „ризла“.
Истовремено од локалната подружница на ЕСМ ЦУК има известување дека има дефект и се работи на далекувод на мрежа, заради што нема струја во неколку села во општината, но дека екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот - посочуваат од ЦУК.
Забрани за возење тешки товарни возила во Западна Македонија беа воведени уште од утрово, од кои поголемиот дел се уште се во сила.
Согласно најновите информации од попладнево во шест часот, забрани за возење на тешки товарни возила има на неколку патни правци, додека поголемиот дел од патиштата се проодни.
- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, согласно информацијата од Ј.П. Македонија пат од 18.00 часот сите патни правци во државата се проодни, а врнежи од снег има на целата територија од државата.
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на Стража, Маврово, Ѓавато, Граничен премин (г.п.) „Ќафасан“, г.п. „Јажинце“, Плетвар и патниот правец Струмица-Берово. На патниот правец Тетово – П.Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири). Задолжителна зимска опрема е воведена и за патниот правец кон г.п. „Делчево“ - посочуваат од ЦУК.
