МАКЕДОНИЈА ОДИ НА ЕВРО-ШАМПИОНАТОТ: Ракометарите на чело со Кире Лазаров ја совладаа Швајцарија
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје извојува победа над швајцарскиот тим со само еден поен разлика 29:28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство.
И пред овој меч, ракометарите го имаа обезбедено
учеството на евро-шампионатот, но сепак одиграа самоуверено и на крајот
заслужено се радуваа. Капитенот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски дадоа по шест
гола, а голманот Никола Митревски имаше дури 15 одбрани.
По оваа победа македонскиот ракометен тим по седми пат ќе учествува на европското првенство каде од групата ќе патуваат и Данците.
ФОТО Фејсбук
Слично
