МАКЕДОНИЈА ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОВТОРНО НА „ЦРНАТА ЛИСТА“ ЗА ПАТУВАЊА ВО ЕУ: Високиот број на заразени ја враќа земјата назад
Европската унија во
текот на вчерашниот ден презеде чекори за враќање на патните ограничувања
поради пандемијата на ковид за САД и уште пет други држави, меѓу кои и
Македонија.
Според пишувањата на Дојче Веле, поради се повисоките дневни бројки на новозаразени, Македонија, како и Косово, Црна Гора, Израел. Либан и САД повторно ќе се најдат на т.н „црна листа“ со која се ограничуваат патувањата на граѓаните.
Процедурата за одлуката започнала денеска, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.
Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со Ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци.
-За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно т.н не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето, наведува Дојче Веле.
Инаку, Македонија на 15. јули беше ставена на листата на безбедни земји и патувањата во ЕУ не беа ограничени за туристички цели.
ФОТО: Фактор