Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија нема повеќе да набавува респиратори

Македонија нема повеќе да набавува респиратори

Македонија повеќе нема да набавува нови респиратори затоа што е констатирано дека актуелниот број веќе е доволен за справување со корона вирусот, објави денеска вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи како координатор за странската помош наменета за земјата.

- Обезбедивме до сега 90 респиратори, тоа е 50 отсто од вкупниот број на Македонија. Последни се 20 респиратори од норвешката амбасада кои во земјата доаѓаат на 15 мај.  Тоа е доволен број за евентуален втор бран на епидемија наесен или кога било во наредниот период. Во координација со Министерството за здравство се согласивме дека нема веќе да се набавуваат респиратори, овој број е доволен, рече Османи.

На денешната прес-конференција во Секретаријатот за европски прашања тој потврди дека вчера пристигнала медицинската помош од Европската унија во вредност од 4 милиони евра.


Слично

Поврзани вести