Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈA НЕ ЈА ЗАТВОРИ АМБАСАДАТА ВО КИЕВ: Стотина Македонци беа таму пред десет дена, во главниот град има панично движење

МАКЕДОНИЈA НЕ ЈА ЗАТВОРИ АМБАСАДАТА ВО КИЕВ: Стотина Македонци беа таму пред десет дена, во главниот град има панично движење

Две непрепознаени цели се приближиле до островот Змијини, објавува Украина пред малку. Како што се информира од УKраинската амбасада во Скопје окупаторите со закани барале од војниците на Измаиловскиот граничен пункт да се предадат. Според нив, како што велат агресорот го искористил меѓународниот канал за комуникација за безбедност од брод.

Претходно беше објавено дека се знае за 3 загинати граничари, аимало и ранети.

Очевидци во градот изјавија за Си-Ен-Ен дека станиците се полни со луѓе кои носат залихи.

Рано утрото почнаа да се појавуваат фотографии од густ сообраќај во градот, а долгите колони автомобили го напуштаат Киев.

Пред десет дена односно на 13 февруари министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи изјави дека има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Тогаш немаше одлука да се затвора амбасадата, но беше одлучено нивните семејства да се вратат во Скопје.

Османи соопшти дека во оваа земја живеат стотина Македонци. 

Меѓу нив се околу 30 набљудувачи во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се втората категорија наши државјани во мапирањето на МНР.

-Набљудувачката мисија на ОБСЕ е важна за следење на настаните во Украина и затоа засега се уште немаме одлука да ги повелечеме нашите набљудувачи, но сме во блиска координација со другите земји учеснички, со Секретаријатот на ОБСЕ во Виена и ќе одлучиме кога ќе процениме. Засега само САД имаат одлука да ги повчлечат своите набљудувачи во рамки на оваа мисија на ОБСЕ, но не и други земји, рече шефот на дипломатијата.

Во третата категорија се околу 40 наши државјани кои од различни причини се наоѓаат во Украија и 30-ина членови на нивните семејства, со тоа што членовите на семејствата повеќето се украински државјани. Тогаш Османи ги повика нив да се вратат. Колку се вратиле до денеска не соопштено

ФОТО EPA/SERGEY DOLZHENKO

Слично

Поврзани вести