Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНАЛА: Според Индексот на демократија зад нас се Србија, Албанија и БиХ

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНАЛА: Според Индексот на демократија зад нас се Србија, Албанија и БиХ

Македонија бележи скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година.

Ранг - листата ја објави Економист. Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и Босна и Херцеговина(БиХ). Србија е на 64-тото место, Албанија се најде на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Пред нас од регионот се најдоа Грција на 25-то место, Црна Гора на 50-тото место, Хрватска на 56-то место, а едно место пред нас се најде Бугарија, односно на 61 позиција. Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот Економист во однос на Индексот на листата за демократија. Први на листата се Норвешка и Нов Зеланд, последен на 167-то место е Авганистан.

Слично

Поврзани вести