Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкедонија надмина 100.000 случаи на коронавирусот

Maкедонија надмина 100.000 случаи на коронавирусот

Maкедонија надмина 100.000 случаи на коронавирусот од почетокот на епидемијата. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223. Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи. 

Во последното деноноќие има 13 починати. Регистрирани се 215 оздравени пациенти од кои најголем дел се од Скопје. 

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека коронавирусот и натаму е непредвидлив, и дека се непознати уште многу работи за него. Тој не ја исклучува можноста за дополнителни мерки.  Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ е позитивен на коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести