Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија на уште една карантинска листа

Македонија на уште една карантинска листа

Македонија е на листата земји за кои е задолжителен карантин по влезот во Ирска. Земјата додаде уште 26 држави на тој список и граѓани кои патуваат подлежат на хотелски карантин по доаѓањето во земјата.

Според пишувањата на ирскиот весник Индипендент, одлуката е донесена на предлог на главниот советник за здравство. Лица кои доѓаат од САД, Франција, Германија и Италија мора да одат во 12 дневен хотелски карантин.

Меѓу земјите додадени на листата се Србија, Албанија, Црна Гора, Македонија, Сан Марино, Израел, Порторико и други.

Во заедничкото соопштение на Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, пишува дека на наредниот состанок на здравствени власти ќе се разгледува можноста за дополнување на листата и со други земји.


Слично

Поврзани вести