Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА НА ПУШАЧКАТА МАПА: Рекордери по број на конзумирани цигари!

МАКЕДОНИЈА НА ПУШАЧКАТА МАПА: Рекордери по број на конзумирани цигари!

Над 46 отсто од граѓаните на Македонија, мажи пушат покажуваат податоците од Тутунскиот атлас, кој ги споредува податоците за пушачките навики во различни земји. Со оваа бројка Македониај е над просекот на земјите со среден БДП. Во исто време 26, 8 отсто од жените се пушачи што исто така ја става Македонија над просекот. 

Македонските граѓани пушат по над 2.700 цигари годишно. 

Граѓаните на Македонија се на трето место во светот според бројот на испушени цигари по жител годишно, а бројот на пушачи постојано се зголемува

Повеќе цигари пушат само жителите на Белорусија и Либан.

Инаку, како што вчера јави Фактор, група на пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа иницијатива за измена на законот за заштита од пушењето во скратена постапка. Причините според нив се во влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, а морале и да отпуштат дел од своите вработени. 

Една од клучните измени која се предвидува со новите законски измени е да се даде можност сопствениците да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови јасно да ги означат како забранети за пушење цигари.

Најавата за нов закон ја потврдија од СДСМ и велат дека се работи на модалитети. Сметаат дека законот ќе треба да помине низ јавна дебата за да се најде најдоброто решение.


Слично

Поврзани вести