Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија на готовс за мигрантите, се прават консултации

Македонија на готовс за мигрантите, се прават консултации

Македонија ја следи ситуацијата со мигрантите во Грција и на јужната граница. Ако е потребно и ако има дополнителен притисок властите ќе бидат подготвени, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Вели дека, како што веќе беше објавено причина за движењето и реакциите на мигрантите е лажна вест дека балканската рута е отворена. Веќе имало консултации на високо ниво. 

„Правевме консултации и Министерството за внатрешни работи, пред се, и ние како негова поддршка, сме подготвени да се соочиме и со зголемување на притисокот на границата. Тоа покажува дека е важно да се биде буден и подготвен – изјави Шекеринска.

Вели дека имаме и воена односно армиска поддршка дури и во периоди кога изгледало дека опасноста поминала.

Фото: Анадолија

Слично

Поврзани вести