Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија може да испрати два ер трактори во Грција

Македонија може да испрати два ер трактори во Грција

Македонија може да помогне во справувањето со огнената стихија во Грција со два ер трактори кои имаат капацитет од 3.000 литри. Македонската Влада веќе контактирала со официјална Атина, а директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски за Фактор вели дека кога Грција ќе побара, воздухопловите веднаш може да тргнат.

„Уште вчера Владата се обратила до грчката Влада и чекаме ако има потреба да тргне и нашата помош. Ние немаме многу ресурси, но од трите воздухоплови кои ги поседуваме, два ќе бидат испратени таму, вели Џафероски.

Тој додава дека има посебна процедура за испраќањето и потребни се посебни дозволи оти се лета во друга држава, но вели дека секако ќе сторат се ако можат да помогнат. 

Пожарот до сега зема над 50 човечки животи. Стихијата уште не е смирена.

фото: Хиндустан тајмс

Слично

Поврзани вести