Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГО ИСКОРИСТИ МОМЕНТОТ КОГА ВРАТАТА НА ЕУ Е ОТВОРЕНА ЗА БРЗ ПРИЕМ: Дескоски-„Во спротивно веројатно Албанија ќе испорача нови барања“

МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГО ИСКОРИСТИ МОМЕНТОТ КОГА ВРАТАТА НА ЕУ Е ОТВОРЕНА ЗА БРЗ ПРИЕМ: Дескоски-„Во спротивно веројатно Албанија ќе испорача нови барања“

Професорот Тони Дескоски во статус на социјалните мрежи образложи дека на ЕУ не и е во интерес во унијата да влезат земјите од Западен Балкан, туку тоа е интерес на самите држави од Западен Балкан.

„Државите од Западниот Балкан, вклучително и ние, мора да разберат дека зачленувањето во ЕУ е примарно нивен интерес, а не стратешки интерес на ЕУ.

За ЕУ ние сме држави со кои би се заокружил Балканскиот простор. Но, и без нас ЕУ ќе функционира добро. Ништо радикално нема да им се подобри со нашето зачленување.

Затоа, нашата држава мора да го искористи моментот кога вратата на ЕУ е отворена за брз прием.

Подоцна, може да биде предоцна и да треба да чекаме некој нов момент за прием. А многу веројатно ќе треба да исполнуваме и некои нови барања, кои многу веројатно Албанија ќе ни ги испорача, следејќи го примерот на Грција и Бугарија“, напиша тој. 




Слично

Поврзани вести