Македонија меѓу земјите со најниска даночна стапка
Македонија се најде меѓу 10-те земји со најниска даночна стапка во светот, според истражувањето Paying Taxes 2015. Од вкупно 189 рангирани земји, Македонија е на седмата позиција, со стапка од 7,4%.
Минатата година просечната даночна стапка во Македонија изнесувала 8,2%. Исто така, во извештајот се наведува дека потребното време за плаќање даноци во Македонија изнесува 119 часа, што е најкратко време во споредба со земјите од Централна Азија и од Источна Европа.
Земјава е на шестото место според бројот на плаќања од земјите од регионот од Централна Азија и од Источна Европа.
Слично
