Македонија меѓу четири земји од Балканот кои ќе набават кинеска вакцина
Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина досега се трите земји од Балканот кои потврдија дека ќе ја користат кинеската вакцина, а сега таа ќе пристигне во Македонија.
Македонската влада ја одобри одлуката за набавка на 200 илјади кинески вакцини, додека претходно нарача над 800 илјади преку механизмот COVAX, иако се уште не е добиена ниту една доза.
Засега само има најави од Србија за испорака на 8.000 дози и донација во непознат број од Бугарија.
Додека се чека да се види под кои услови, односно по која процедура ќе се увезува кинеската вакцина, вакцината на „Фајзер“ го чека изгласувањето на законските измени кои се во Собрание за да дојде во земјава.
Првата пратка од 5.800 од вкупно 800.000 дози нарачани директно од производителот „Фајзер“, првично се најавени за февруари.
