Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија конечно со протестна нота до Бугарија по видеото на Џамбаски

Македонија конечно со протестна нота до Бугарија по видеото на Џамбаски

Министерството за надворешни работи до бугарското МНР конечно упати една протестна нота по провокаторското видео на европратеникот и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски.

„Ќе ги известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“, реагира МНР..

Бугарскиот европратеник објави скандалозен спот кој изобилува со кадри од Скопје, Охрид и други локации во Македонија, при што вели дека Македонија е на Бугарите. 

Џамбаски на  Фејсбук ги промовира големобугарските сонови поткрепени од Санстефанскиот договор. Вели дека ние сме само „времени управители“ во Македонија. Според него, не може да се живее во 21 век, без да се признае 20-от век.

„Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистирично ја празите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај“, вели Џамбаски.

Тврди дека Македонија е бугарска. Во спорот вели дека според него колку повеќе лажеме, толку повеќе вистината ќе излегува на виделина. Иако неодамна имаше реакции во Европскиот Параламент за провокациите на Бугарија кон Македонија, сепак овој спот е доказ дека провокациите не запираат. 

Македонската дипломатија во октомври размислуваше за протестна нота до Бугарија по фамозната изјава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов за „испраќањето на полкот“, но одлучи да не испрати.

Слично

Поврзани вести