Македонија ќе воспостави дипломатски односи со позната островска земја
Нашата земја кон крајот на август со Кипар ќе воспостави дипломатски односи.
На министерски состанок (Гимних) во Финска годинава, Северна Македонија и Кипар ќе воспостават дипломатски односи. Ова го најавија од Министерството за надворешни работи. Тоа ќе се случи на 29 август.
Во Атина, на маргините на конференцијата на „Економист“ ова го договориле министерот за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот кипарски колега Никос Христодулидис.
На настанот ќе бидат присутни министрите за надворешни работи од земјите членки на ЕУ.
Слично
