Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОЦВЕТА: Фридом Хаус ја окарактеризира како светла точка, власта е “виновникот“

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОЦВЕТА: Фридом Хаус ја окарактеризира како светла точка, власта е “виновникот“

Извештајот на Фридом Хаус со којшто излегоа денес под името „Земји во транзиција 2018“ наведува дека меѓу светлите точки во минатата година е Македонија. Со ррогноза за подобро утре Македонија добива шанса за напредок на многу полиња.

 Притоа се нагласува дека смената на власта во Македонија во јуни лани донесе шанса да се смени долгогодишното запленување на државата и да се решат долготрајните спорови со соседите кои го попречуваат развојот на земјата. 

Во извештајот Македонија и натаму е во групата земји „преодна влада или хибриден режим“. Фридом хаус констатира дека во Централна и Источна Европа нападите врз опозициските партии, печатот и невладините организации стануваат норма, а ширењето на нелибералната политика ги поткопува темелите и изгледите за демократија. Во 23-тото издание на годишниот извештај на Фридом хаус за демократијата во Централна и Источна Европа, Балканот и Евроазија, се наведува дека нациите во транзит го регистрираа најголемиот пад во 23-годишната историја на проектот: 19 од 29 земји забележуваат пад на демократија.

Слично

Поврзани вести